Вратница — село во Општина Јегуновце, во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово. До 2004 година, селото претставувало административен центар на поранешната истоимена општина, која била споена со Општина Јегуновце.
Вратница | |
Панорамски поглед на селото Вратница | |
Координати 42°08′26″N 21°06′51″E | |
Регион | Полошки |
Општина | Јегуновце |
Население | 364 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1225 |
Повик. бр. | 044 |
Шифра на КО | 28012, 28512 |
Надм. вис. | 700-760 м |
Мреж. место | Вратница |
Вратница на општинската карта Атарот на Вратница во рамките на општината | |
Вратница на Ризницата |
Вратница е сместена во областа Полог (Долен Полог), во подножјето на планинскиот врв Љуботен (2.498 м на Шар Планина). Надморската височина се движи од 700-760 м. Во близина на селото се наоѓа и реката Ракита (Раќита), која се влева во Вардар.
Селото се наоѓа на магистралниот пат кој води од градот Тетово до граничниот премин Јажинце на македонско-косовската[2] граница. Од градот Тетово е оддалечено 22 километри и е на само 5 километри од Јажинце.
Порано, селото претставувало општинско средиште на истоимената општина, во која влегувале и селата Јажинце, Рогачево, Старо Село, Беловиште и Орашје, додека денес селото е дел од проширената Општина Јегуновце.
Се верува дека некогашното село Моравце, сместено околу 800 метри северозападно, е претходник на денешното современо село Вратница. Поради притисокот на османлиските власти, жителите на Моравце биле приморани да побараат посигурна област за населбата. Првично се населиле во денешно Косово, но на крајот повторно биле приморани да се вратат назад. По нивното враќање го создале денешното село Вратница, заедно со потомците на првичните иселеници.
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Тетовската нахија (Нихије-и Калканделен) и имало 66 семејства, 4 неженети и 4 вдовици, сите христијани.[3]
Вратница била цел на идејата за Голема Албанија, откога била објавена со Призренската лига во 1878 година. Во текот на Втората светска војна, Вратница на кратко се нашла во територијата на Голема Албанија, создадена од балистите.
Во 1912 година влегува во рамките на Кралството Србија, кадешто е седиште на општина Вратница.[4]
За време на воениот конфликт во Македонија во текот на 2001 година, Вратница била цел на постојани напади и дел од воените борби кои се случиле во текот на конфликтот.
Во текот на постконфликтниот период, селото се нашло под удар на албанските вандали и терористи, кога заедно со селата Старо Село, Беловиште и Рогачево, биле под практична опсада од членови на т.н. Ослободителната Народна Армија. Вратница, како и останатите села, со недели поминала без храна, вода, лекови и медицинска помош. Албанските терористи биле сместени во блиското село Одри, од каде објавиле ултиматум упатен до македонското население за напуштање на своите домови.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Вратница била првпат запишано во османлиските дефтери во XV век. Во првите дефтери, населението изнесувало 59 семејства. Селото било под влијание на миграциски движење во текот на XX век, кога голем број на жители се иселувале во САД.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вратница живееле 780 жители, сите Македонци.[5] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Вратница имало 880 Македонци, патријаршисти.[6]
Во 1914 година има 1045 жители.[7]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година селото било центар на општина и имало 131 куќа и 1.131 жител, сите Македонци.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 700 Македонци.[9]
Во 1914 година, вкупното население изнесувало 1131 со 131 куќа; во 1948 година, имало 1299 жители и 197 куќи; во 1953 имало 1387 жители и 214 куќи; во 1961, бројот на жители изнесувал 1384 и 227 куќи; во 1968 имало 1240 жители и 225 куќи, а во 1971 година 1082 жители и 266 куќи.
Како и во другите села во Македонија така и во Вратница поради миграциските движења село-град, бројот на жителите се намалил од 1384 жители во 1961 година на 572 жители денес. Во 1994 година селото броело 572 жители, од кои Македонци 522 жители, Срби 33 жители и 17 жители изјаснети како „други“.
На пописот од 2002 година, селото имало 505 жители, од кои 482 Македонци, 20 Срби и 3 останати.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 364 жители, од кои 301 Македонец, 1 Албанец, 10 Срби, 1 останат и 52 лица без податоци.[11]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[12]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 1.299 |
1953 | 1.103 | — | — | — | — | 272 | ... | 12 | — | 1.387 |
1961 | 1.371 | 1 | — | ... | ... | 8 | ... | 4 | — | 1.384 |
1971 | 1.521 | 2 | — | — | ... | 35 | ... | 20 | — | 1.578 |
1981 | 1.629 | — | — | — | — | 22 | ... | 37 | — | 1.688 |
1991 | 1.678 | — | — | — | — | 72 | — | 86 | — | 1.836 |
1994 | 522 | — | — | — | — | 33 | — | 17 | — | 572 |
2002 | 482 | — | — | — | — | 20 | — | 3 | — | 505 |
2021 | 301 | 1 | — | — | — | 10 | — | 1 | 51 | 364 |
Вратница е македонско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:
Селото се наоѓа во рамките на проширената Општина Јегуновце, која во денешните граници настанала по донесувањето на новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Претходно, селото претставувало општинско седиште на поранешната Општина Вратница, кон која припаѓале селата Јажинце, Рогачево, Старо Село, Беловиште и Орашје.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово, додека во периодот по војната од 1955 до 1962 година селото се наоѓа во некогашната општина Теарце, која припаѓала на Тетовската околија.
Во периодот 1952-1955, селото исто така било седиште на тогашната општина Вратница, во која покрај Вратница се наоѓале и селата Беловиште, Јажинце, Нераште, Одри, Орашје, Првце, Рогачево и Старо Село. Самата Општина Вратница била дел од Тетовската околија. Општината Вратница постоела и во периодот 1950-1952 година.
Во селото постојат избирачките места бр. 2128 и 2129 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница и основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 564 гласачи.[15]
Во Вратница постои повеќедецениска традиција во одржувањето на следните настани:
Личности родени во Вратница:
Вратница е наделеку позната како место кое има многу иселеници. Вратничани може да се сретнат во многу западноевропски земји, но најмногу ги има во САД, поточно во околината на градот Детроит (државата Мичиген). Во 1980-тите години имало над 200 домаќинства со жители од Вратница во областа на Детроит.
Најголем дел од миграциите од селото се случиле по Првата светска војна, кога најголем дел од иселениците биле економски мигранти. По 1924 година, кога се наметнале одредени квоти за иселеници од Источна Европа, многумина Вратничани се одлучиле за иселување во Канада.
Уште еден голем бран на иселување се случил за времето на првите години од Југославија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.