Глобално затоплување
From Wikipedia, the free encyclopedia
Глобалното затоплување, кое се должи на ефектот на стаклена градина е проблем поврзан со глобални климатски промени предизвикани од зголеменото ниво на таканаречените стакленички гасови во атмосферата. Научниците излегоа со тврдење дека зголеменото присуство на овие гасови ќе резултира со глобално покачување на температурата кое би имало бројни негативни па дури и непоправливи ефекти врз животната средина.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Планетата Земја е опкружена од атмосфера која е составена од различни гасови. Некои од нив, како на пример јаглерод диоксид, имаат исти својства како стаклените панели на една стаклена градина и не ѝ дозволуваат на топлината да ја напушти планетата. Затоа тие гасови се нарекуваат стакленички гасови. Понатаму, енергијата од Сонцето ја апсорбираат водите, почвите и живите суштества на планетата. Таа енергија постепено се враќа во атмосферата. Колку повеќе има стакленички гасови, толку повеќе топлина е заробена. Тоа се нарекува ефект на стаклена градина. Ефектот на стаклената градина го открил Жозеф Фурје во 1824 година, а прв кој квантитативно го истражил е Сванте Арениус во 1896 г.