Горнолужички јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Горнолужички јазик (hornjoserbsce) — јазик од западнословенската група на јазици. Заедно со долнолужичкиот јазик, горнолужичкиот јазик опстанал како словенскојазична оаза во германско говорно подрачје. Горнолужички зборуваат некаде околу 15.000 луѓе во околината на градот Будишин (Бауцен на германски). Во германската покраина Саксонија, овој јазик е заштитен со закон.
Горнолужички | |
---|---|
Hornjoserbsce | |
Застапен во | Германија |
Подрачје | Саксонија |
Говорници | 40 000 |
Јазично семејство | Словенскo
|
Статус | |
Службен во | Германија |
Јазични кодови | |
ISO 639-2 | hsb |
ISO 639-3 | hsb |
Поради блискоста на овие два идиома, тука ќе направиме една глобална дијалектна поделба. Лужичките јазици се делат на три поважни групи:
- Дијалекти на горнолужичкиот -околу Бауцен
- Преодни дијалекти во околината на Слепо
- Дијалекти на долнолужичкиот -околу Котбус
Навистина е изненадувачки како овие два јазика опстанале низ вековите. Мора да се каже и тоа дека областа Горна Лужица поделена на две верски заедници: католичката и евангелско-протестантската заедница. Горнолужичкосрпскиот јазик е најмногу зачуван во католичка Лужица. Горнолужичкиот јазик има своја иднина. Постојат повеќе институции: MAĆICA SERBSKA, DOMOWINA и Лајпцишкиот институт за сорабистика итн., кои се грижат за опстојувањето на овој јазик. А, тука можат да се споменат и гимназиите, основните училишта и медиумите. На телевизија и радио има одреден број часови кои се емитуваат на горнолужички јазик. Меѓу пишаните медиуми се: SERBSKE NOWINY, световен (секуларизиран) весник, KATOLSKI POSOŁ кој ја претставува католичката заедница и POMHAJ BÓH кој информира за евангелската заедница. Имајќи ги предвид горенаведените факти, и фактот дека постојат сè уште деца чиј прв јазик им е горнолужичкиот, може да се заклучи дека горнолужичкиот јазик ќе биде уште долго време член на европското семејство на јазици. Поважни места во кои се зборува овој јазик се Будишин, Панчици-Куков, Крошчици, итн.