Грб на Хрватска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Грбот на Хрватска е официјалниот грб на државата усвоен на 21 декември 1990 година. Грбот се состои од штит во поделен на коцки во бела и црвена боја кои формираат шаковница. Шаховницата е составена од 13 црвени и 12 бели (сребрени) полиња. Над штитот има пет помали штита кои формираат круна и ги претставуваат петте историски региони на Хрватска.
Шаховницата се верува дека е создадена во 13 век од страна на Стефан Држислав. Боите ги претставуваа двете рани хрватски држави: Бела Хрватска и Црвена Хрватска. За петте малечки штита симболиката е следна:
- првиот штит го претставува најраниот хрватски грб, ѕвезда Деница и месечина;
- вториот е грб на Дубровничката Република,
- третиот е грб на Далмација
- четвртиот е грб на Истра
- петтиот е симбол на Славонија