Список на острови во Грција
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Грција поседува огромен број на острови, проценувајќи се на 1200 до 6000 острови. Бројот на населени острови варира од 166 до 227. Најголем грчки остров е Крит кој се наоѓа на самиот југ на Егејско Море, додека пак вториот по големина остров е Евбеја кој е одделен од копното со Еврипскиот Проток широк 96 километри и се наоѓа во регионот на Централна Грција. После третиот и четвртиот остров, Лезбос и Родос сите други острови се две третини од големината на самиот Родос. Сите грчки острови се групираат во следните групи: Арго-Саронски острови, Киклади, Северноегејски Острови, Споради, Јонски Острови и Додеканези.