Украсна уметност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Украсна уметност (декоративна уметност) — изработка на украсно-функционални предмети во керамика, дрво, стакло, метал или текстил. Во ова поле спаѓаат керамиката, мебелот, покуќнината, внатрешното уредување и архитектурата. Честопати ваквата уметност се категоризира како спротивна на „фината уметност“, имено, сликарството, цртањето, фотографијата и скулптурата од поголем калибар. Некои стручњаци ја разликуваат украсната од ликовната уметност по нејзината функционалност, намена, важност, статус на уникатно дело, или пак творба на еден единствен уметник.