Национален парк Делта на Вардар
национален парк во Солунско, Егејска Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Национален парк Делта на Вардар (грчки: Εθνικό Πάρκο Δέλτα Αξιού); полно име: Национален парк Вардар-Колудеј-Бистрица (Εθνικό Πάρκο Αξιού - Λουδία - Αλιάκμονα) — национален парк во Солунско и Берско, Егејска Македонија, денес во Грција. Во Солунско ги опфаќа лагуната во с. Гаскарка, устието на реката Галик и делтите на реките Вардар и Бистрица. Во Берско, во паркот влегуваат моклиштата на селата Нов Ахтопол и Тузла. Подрачјето првпат е заштитено во 1971 г. како влажно станиште од меѓународно значење согласно Рамскарската конвенција, а потоа е ставено и во мрежата „Натура 2000“.[1][2][3] Вбројано е и во списокот Важни птичји подрачја (IBA).
Кратки факти Делта на Вардар, Место ...
Делта на Вардар | |
---|---|
Делта на Вардар-Колудеј-Бистрица | |
МСЗП — Категорија VI (заштитено подрачје под раководство со ресурси) | |
Лагуната на с. Гаскарка во националниот парк | |
Место | Солунско и Берско, Егејска Македонија, Грција |
Најблизок град | Солун, Либаново |
Координати | 40.50° СГШ; 22.66° ИГД / 40.50; 22.66 |
Површина | 33.779 ha (130,42 sq mi) |
Создаден(а) | 2009 |
axiosdelta.gr |
Затвори