Deep Purple
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дип парпл — англиски рок-бенд формиран во Хартфорд во 1968 година.[1] Се сметаат меѓу пионерите на хеви-металот и модерниот хард-рок,[2][3] иако некои од членовите на бендот тврдат дека нивната музика не може да биде категоризирана на ниеден жанр. Тие еднаш, од Гинисовата книга на рекорди беа прогласени за „најгласниот бенд на светот“,[4][5] и имаат продадено над 100 милиони албуми ширум светот,[6][7][8] меѓу кои 7,5 милиони во САД.
Deep Purple | |
---|---|
Роџер Гловер, Ајн Пејс, Ајн Џилиан, Дон Аиреј и Стив Морс во 2004 | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | Roundabout |
Потекло | Хартфорд, Англија |
Жанрови | хард-рок, хеви-метал, психоделичен рок, блуз рок, прогресивен рок |
Период на активност | 1968–1976, 1984–сега |
Издавачи | Тетраграматон, Warner Bros, Полидор, БМГ, ЕМИ, Едел |
Соработници | The Maze, Episode Six, Rainbow, Paice, Ashton & Lord, Whitesnake, Black Sabbath, Gillan & Glover, Hughes Turner Project, Living Loud, Rock Aid Armenia, WhoCares |
Мреж. место | deeppurple.com |
Членови | |
Ајн Пејс Роџер Гловер Ајн Џилиан Стив Морс Дон Аиреј | |
Поранешни членови | |
former members |
Бендот има претрпено многу промени на поставата и паузираше осум години (1976-84 година). Поставите од 1968-76 година се нарекувани Марк 1,2 3 и 4.[9][10] Нивната втора и најкомерцијално успешната постава е Ијан Гилан (вокал), Роџер Гловер (бас), Џон Лорд (клавијатури), Јан Пајс (тапани) и Ричи Блекмор (гитара). Оваа постава беше активна од 1969 до 1973 година, и повторно се обедини од 1984 до 1989 година, и повторно во 1993 година, пред односите меѓу Блекмур и другите членови да станат неподносливи. Моменталната постава (вклучувајќи го гитаристот Стив Морс) е многу постабилна, иако пензионирањето на Лорд од бендот во 2002 година го остави Пајс како единствениот оригинален член на Дип парпл.
Дип парпл беа рангирани на 22 место на рок-програмата за најдобри изведувачи на VH1,[11] a според анкета на радио станицата Planet Rock се наоѓаат на петто место меѓу „највлијателните бендови досега“.[12] Групата ја добила наградата Легенда на Светските музички награди во 2008 година. Deep Purple (односно Блекмор, Лорд, Пејс, Гилан, Гловер, Ковердејл, Еванс и Хјуз) биле примени во Куќата на славата на рокенролот во 2016 година.