Дијалекти на македонскиот јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонскиот јазик според поделбите на некои дијалектолози брои околу 27 дијалекти поделени во три главни групи. Главната граница помеѓу двата блокови источните и западните дијалекти е планината Скопска Црна Гора, продолжува со реката Вардар па сѐ до Егејското Море (Бело Море). Главна особина за западните дијалекти е побавниот тоналитет на дијалектите, употребата на тројниот член и акцентот паѓа на третиот слог од крајот на зборот. Заедничка особина за источните дијалекти е побрзиот тоналитет на зборување, кратење на зборовите и променлива положба на акцентот. Дијалектите се зборуваат на сета територија на Република Македонија, Пиринска Македонија, Егејска Македонија (Беломорска Македонија), Мала Преспа и Голо Брдо и југозападно Косово. Македонскиот јазик, со сите негови дијалекти има над 3 милиони говорници.