Долмабахче
From Wikipedia, the free encyclopedia
Долмабахче (турски: Dolmabahçe Sarayı — дворец кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Дворецот, кој денеска служи како музеј се наоѓа на европскиот дел на градот во реонот на Бешикташ. Овој објект бил изграден во времето на османлискиот султан Абдул Меџит I во периодот помеѓу 1842 и 1853 година. Во периодот од 1856 до 1887 година и во периодот од 1909 до 1922 година, дворецот служел како резиденција на османлискиот султан. По 1922 година во него живеал Кемал Ататурк каде починал во 1938 година.
Кратки факти Долмабахче, Општи податоци ...
Долмабахче | |
---|---|
Поглед кон Долмабахче од Босфорот | |
Општи податоци | |
Вид | палата (1453-1853) |
Стил | барок |
Место | Истанбул, Турција |
Координати | 41°02′22″N 29°00′06″E |
Почната | 1843 |
Завршена | 1856 |
Нарачател | отомански султани |
Сопственик | Турција |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Гарабет Балјан |
Затвори