Доселување
движење на луѓе во друга држава или регион во кој тие не се автохтони / From Wikipedia, the free encyclopedia
Доселување или имиграција — воведување на нови луѓе во живеалиште или население. Тоа е биолошки концепт и е важeн за популационата екологија, кој се разликува од иселувањето ( иселувањето) и поинаквите преселби (миграции).
На поимот „доселеник" (имигрант) често се гледа потценувачки. Лицето кое се населува од посиромашна во побогата земја се нарекува доселеник, а пак лицата кои потекнуваат од побогата земја, а имаат постојано живеалиште во посиромашна земја самите се нарекуваат „доселеници” или претпочитаат да велат дека се повлекле, а не дека се доселиле во земја со подобри климатски услови и пониски трошоци за живот.