Евангелие според Јован
From Wikipedia, the free encyclopedia
Евангелие според Јован, наречено и Евангелие по Јован — четвртата книга од Новиот завет. Оваа евангелие било напишано измеѓу 80 и 90 година после Христа, и според мислењето, истото е дело на апостол Јован, еден од првите ученици на Исус. Насловот на четвртото Евангелие продолжува по образецот на другите Евангелија. Првично било идентификувано како „Според Јован“, а подоцна бил додаден зборот „Евангелието“.
Според времето во кое е пишувано, ова евангелие било последно и во суштина се разликува од останатите три. Додека евангелијата според Марко, Матеј и Лука се сметаат како синоптички, во ова евангелие историските случувања се помешани со богословни излагања. Исто така, претходните три евангелија главно се задржуваат на мисионерската дејност на Исус во Галилеја, додека ова евангелие содржи и од неговите мисии во Јудеја. Главен акцент се става на божествената природа на Исус.
Една третина од содржината на евангелието се однесува на последните часови на Исус, поточно последните 44 часа. Ова евангелие содржи и четири чуда кои ги сторил Исус, а кои не се споменуваат во останатите три.
Евангелието било напишано во Ефес на старогрчки јазик (коине).