Емилио Сегре
италијански физичар и нобеловец / From Wikipedia, the free encyclopedia
Емилио Сегре (30 јануари 1905 – 22 април 1989 ) — италијански Физичар и добитник на Нобелова награда за физика, откривач на елементите технециум, астат и на антипротонот, субатомска честичка, за која и ја освоил Нобеловата награда за физика во 1959.Од 1943 до 1946 тој работел во Националната лабраторија во Лос Аламос како водач на Проектот Менхетен. Во април 1944 година тој забележал дека атомското оружје со кодно име Слабичок,нема да функционира поради присуството на нечистотии на плутониумот 240.
Емилио Сегре | |
---|---|
Роден(а) | Емилио Серге 30 јануари 1905(1905-01-30) Тиволи, Италија |
Починал(а) | 22 април 1989(1989-04-22) (возр. 84) Лафејет, Калифорнија, САД |
Државјанство | Италија (1905–89) САД(1944–89) |
Установи | Национална лабораторија во Лос Аламос Калифорниски унивезитет Палермски универзитет Римски универзитет Универзитет „Колумбија“ |
Образование | Римски универзитет |
Докторски ментор | Енрико Ферми |
Докторанди | Басанти Дулал Нагчаудури Томас Ипсилантис Херберт Јорк |
Познат по | антипротон технециум астат |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1959) |
Потпис |
Роден во Триволи, Италија, близу Рим, Сегре студирал машинство на Римскиот универзитет, за во 1927 година да се префрли на одделот за физика. Сегре бил назначен за асистент професор по физика во Римскиот универзитет во 1932 и работел таму до 1936 година. Од 1936 до 1938 година тој бил директор на физичката лабораторија на Палермскиот универзитет. По посетата во Ернест Лоренцовата Берклиева лабораторија, тој испратил лента од молибден од лабарторискиот дефлекторски циклотрон во 1937 година кој оддавал аномалични облици на радиоактивност. По прецизни хемиски и теоретски анализи, Сегре успеал да докаже дека зрачењето било создадено од нов непознат елемент, подоцна наречен технециум, првиот вештачки создаден хемиски елемент кој не може да се сретне во природата.
Во 1938 година, владата на Бенито Мусолини воспоставила антисемитски закони со кои им забранувало на Евреи да работат во универзитетите. Како евреин Сегре морал да емигрира. Во Лоренц-Берклиевата лабораторија му било понудено место како помошник истражувач. Додека работел на Калифорнискиот универзитет Сегре помогнал во откривањето на елементот астат и изотопот плутониум 239, кој подоцна бил употребен за создавање на атомската бомба Дебелко, која била употребена на Нагасаки.
Во 1944 година, тој станал американски граѓанин. Кога се вратил на Калифорнискиот универзитет во 1946 година, тој започнува да работи како професор по физика и историја на науката, работејќи сè до 1972 година. Сегре и Овен Чемберлејн соработувале во истраживачката група Лоренц-берклиевата лабораторија која го открила антипротонот, за што ја поделиле Нобеловата награда за физика во 1959 година. Сегре бил активен Фотограф, и со многу слики ги документирал настаните и луѓето од историјата на современата наука, овие фотографии по неговата смрт биле донирани на Американскиот институт за физика. Во негова чест Американскиот институт за физика ги именува своите фотографски архиви за историјата на физиката со неговото име.