Епистемологија
гранка на филозофијата / From Wikipedia, the free encyclopedia
Епистемологијата (грч. ἐπιστήμη (epistēmē), што значи „знаење, наука“, и λόγος (logos), што значи „знаење“) е гранка на филозофијата која се занимава со природата и опсегот (ограничувањата) на знаењето. Ги опфаќа прашањата:
- Што е знаењето?
- Како се добива знаењето?
- Како го знаеме она што го знаеме?
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Голем дел од дебатата за ова поле се фокусира на анализирањето на природата на знаењето и како тоа е поврзано со сродните замисли како вистина, верба и оправдување. Исто така се однесува и на начините за добивање на знаење, како и на скептицизам за различни тврдења за знаење.
Терминот бил воведен од шкотскиот филозоф Џејмс Фредерик Фериер (1808–1864). Голем број од дефинициите во речниците може да дадат впечаток дека епистемологијата е тесно поврзана со критичкото размислување: „истражување или теорија за природата и основите на знаењето, особено со упатување на нејзините граници и валидност“ (Merriam-Webster's Online Dictionary, 11th Edition). Но, делумно затоа што епистемологијата го дефинира познавањето како вистина, за разлика од критичкото размислување, епистемологијата речиси ги игнорира механизмите, темите и методите нагласени во критичкото размислување, како што се тестирањето за специфични пропозиции, логични недоследности, нејаснотии и измама кои се среќаваат во секојдневни услови и решавање проблеми.
Во физиката, концептот на епистемологија е битен во модерната интерпретација на квантната механика и се употребува од многу автори за анализирање на делата на доминантните физичари како што се Вернер Хајзенберг, Макс Борн и Волфганг Паули.