Железник
област / From Wikipedia, the free encyclopedia
Железник или Демир Хисар — историско-географска област во југозападниот дел на Република Македонија по горното течение на Црна Река и нејзините притоки. Областа се наоѓа на северозапад од Пелагонија. Западната граница на Железник ја образуваат планините Илинска, Бигла и Плакенска кои ја одделуваат областа од Горна Преспа на југозапад и Дебрца на северозапад. Поради богатството на овие планини со железна руда и областа го добила името Железник. Во областа се наоѓаат 45 села, со центар во градот Демир Хисар (поранешно с. Мургашево).
За други значења на поимот, погл. Железник (појаснување).