Зајчев Рид
рид во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Зајчев Рид — рид во северозападниот дел на Скопската Котлина, сместен во близина на утоката на реката Лепенец во Вардар на 7 км северозападно од центарот на градот Скопје. Врвот на Зајчев Рид е висок 324 м, а самиот рид е крајниот дел од ридскиот систем (венец) што се издигнува во средишниот дел на Скопската Котлина и се протега покрај левиот брег на реката Вардар, а започнува со ридот Градиште на исток на кој се наоѓа скопската тврдина Кале. Во подножјето на Зајчев Рид непосредно до патот и крстосницата меѓу селата Бардовци и Злокуќани, на јужната и југозападната падина на ридот се наоѓаат ископините и археолошкото наоѓалиште на античкиот град Скупи.
Кратки факти Зајчев Рид, Највисока точка ...
Зајчев Рид | |
---|---|
Зајчев Рид од селото Бардовци | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 324 м |
Географија | |
Место | Општина Карпош, Скопје, Македонија |
Затвори