Зелена игуана
From Wikipedia, the free encyclopedia
Зелена игуана (науч. Iguana iguana) — голем растителнојаден вид на гуштер од родот игуана кој живее во Средна и Јужна Америка. Зелената игуана расте до 1,5м и достигнува тежина до 10кг. Поради својот егзотичен изглед, зелената игуана е популарна и како домашен миленик.
Кратки факти Зелена игуана, Заштитен статус ...
Зелена игуана | |
---|---|
Зелена игуана во зоолошката градина „Санта Фе“ во Меделјин, Колумбија. | |
Неоценет (МСЗП 3.1) | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Влекачи |
Ред: | Лушпари |
Семејство: | Игуани |
Род: | Игуана |
Вид: | Зелена игуана |
Научен назив | |
Iguana iguana (Linnaeus), 1758 | |
Синоними | |
|
Затвори
Зелените игуани се дневни животни кои често се качуваат по растенијата и се наоѓаат близу до вода.[1][2]
Поради популарноста во трговијата со домашни миленици и како извор на храна во Латинска Америка, тие се на листата за контрола на трговијата со животни.[3]