Изведени SI-единици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Меѓународниот систем на мерни единици (SI) има седум основни единици од кои се изведени сите останати мерни единици. Овие единици се нарекуваат изведени SI-единици. Бројот на изведените единици е неограничен.
Називите на единиците секогаш се пишуваат со мали букви. Симболите на единиците што носат име на научник почнуваат со голема буква (на пр. херцот има симбол Hz, но метарот има симбол m).