Импресионизам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Импресионизам — уметнички правец кој се развил во француското сликарство помеѓу 1860 и 1870 година како реакција на реализмот. Неговата појава ја најавиле Англичаните Џон Констебл и Џ. М. В. Тарнер заедно со францускиот сликар Гистав Курбе. Најзначајни претставници, а воедно и основоположници на импресионизмот се француските сликари, Клод Моне, Едуар Мане, Камиј Писаро, Алфред Сисли, Едгар Дега и Огист Реноар. Германскиот импресионизам го претставуваат Трибнер, Либерман, Коринт и Злевогт.