Камен од Розета
From Wikipedia, the free encyclopedia
Каменот од Розета e антички натпис на црн камен од гранит создаден во Мемфис, Египет 196 година п.н.е. од македонскиот владетел Птоломеј V. Каменот содржи текст напишан на три различни писма: најгорниот текст е напишан со староегипетски хиероглифи, средниот текст е напишан на демотско писмо и долниот текст на старогрчки јазик. Во ранохристијанскиот или средновековниот период е користен како градбен материјал за Fort Julien близу до градот Розета (Рашид) во Египет. Каменот беше откриен во 1799 година од војникот Пјер Франсоа Бошар во „Француската експедиција во Египет“. Во време на Наполеоновите војни каменот од Французите му беше предаден на Британија и од 2003 година Египет демантира негово враќање.
Кратки факти Камен од Розета, Материјал ...
Камен од Розета | |
---|---|
Каменот од Розета изложен во Британскиот музеј, Лондон | |
Материјал | Гранодиорит |
Големина | 1,123 mм × 757 mм × 284 mм (3.684 ст × 2.484 ст × 0.932 ст) |
Натписи | египетски хиероглифи, демотско писмо и грчко писмо |
Создаден | 196 п.н.е. |
Откриен | 1799 близу Розета, Египет |
Откриен од | Пјер Франсоа Бошар |
Сегашна локација | Британски музеј |
3D модел (кликнете за повеќе) |
Затвори