Капитолски музеи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Капитолските музеи (итал. Musei Capitolini) се група уметнички и археолошки музеи на ридот Капитол во Рим сместени на плоштадот Кампидољо. Музеите се сместени во три палати кои го образуваат трапезоидниот плоштад. Планот за плоштадот го направил Микеланџело Буонароти во 1536. Историјата на музеите може да се следи наназад до 1471, кога папата Сикст IV ја подарил колекцијата од важни антички бронзени скулптури на народот на Рим и ги сместил на ридот. Оттогаш, музејската колекција постојано растела и вклучувала антички статуи, натписи и други артефакти; подоцна, колекции на средновековна и ренесансна уметност, колекција на скапоцени камења, монети итн. Музеите се во сопственост и управувани од градот Рим.
Во центарот на плоштадот денес се наоѓа статуа на коњаник, која е копија на оригиналната римска статуа на Марко Аврелиј. Оригиналната статуа се наоѓа во музејот. Многу римски статуи биле уништени како паганско наследство во текот на вековите во Рим, оваа преживеала бидејќи се мислело дека го претставува Константин I Велики, заштитникот на христијанството.