Каролина Возњацки
данска тенисерка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Каролина Возњацки (родена на 11 јули 1990 година) е професионална тенисерка од Данска. На 11 октомври 2010 година станала тенисерка број еден во светот на турнејата ВТА. Откако во февруари 2011 година била една недела на второто место, освоила доволно бодови за повторно да биде број еден иако не играла во некое поважно финале од август 2009 година. Таа е првата данска тенисерка која го освоила врвот на ранг-листата.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Од нејзиното деби на ВТА во 2005 година, секоја година го подобрувала рангирањето на крајот од годината, сѐ додека во 2010 година не завршила на врвот. Има освоено 14 ВТА титули во поединечна конкуренција до март 2011 година, три во 2008 година, три во 2009 година, шест во 2010 година (најголем број титули од 2007 година кога Жастин Анин освоила десет) и две во 2011 година. Таа била второпласирана на Отвореното тениско првенство на САД во 2009 година и на ВТА првенството во Доха во 2010 година каде што изгубила од Ким Клајстерс. Го освоила Вимблдон во поединечна конкуренција за девојки во 2006 година, но сѐ уште немала освоено Грен Слем титула во женска конкуренција. Таа исто така има освоено две ВТА титули во двојки.