From Wikipedia, the free encyclopedia
Карпински манастир или Воведение на Пресвета Богородица е манастирски комплекс сместен во близина на селото Орах, Кумановско во Источна Македонија[1].
Карпински манастир | |
---|---|
Поглед на манастирската црква од север | |
Основни податоци | |
Место | Село Орах, Куманово, Македонија |
Координати | 42°11′33.81″N 21°57′49.35″E |
Припадност | православие |
Епархија | Куманово |
Осветен | 14 век |
Водство | Полошко-кумановска епархија |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | манастир |
Архитектонски стил | Византиска архитектура |
Завршен | 19 век |
Основан е во 14 век од страна севастократор Дејан зет на Српскиот цар Стефан Душан. Денешниот изглед на манастир e од 16 - 17 век. Манастирот e бил обновен во 19 век. Манастирска црква e од 16-17 век посветена на Воведение Богородичино. Таа е изградена од обработен камен во форма на триконхос. Во црквата се забележуваат два слоја на фрескоживопис. Постариот слој е живописан во времето на нејзината изградба. Од овој период препознатливи се ликовите на Богородица со Исус Христос, што се наоѓаат во јужната конха, и на Теодор Тирон и Теодор Стратилат, во северната конха. Поновиот слој на фрески датира од крајот на 19 век век.
Манастирските конаци за време на Втората светска војна значително настрадале.[2]
Комплексот се наоѓа во очајна состојба и пред распаѓање, а моментно не се презема ништо тој да се зачува.
На дрвениот иконостас со скромен изглед се поставени мајсторски изработените икони, меѓу кои се осумте празнични икони од крајот на 16 век и почетокот на 17 век . По своите уметнички вредности се изделуваат композициите на Големите празници.
Карпино е позната скрипторска школа од 16 век, според податоците од Институтот за македонска книжевност, во манастирот Карпино живееле над 300 калуѓери и тој важел како црковно - духовно и културно јадро за овој регион. Оригиналните ракописи, кои сега се наоѓаат во Москва, Софија и во Белград, сведочат за препишувачката школа и за постоење на ќелијно училиште.
Всушност, Карпинскиот манастир за првпат се споменува во 1592 година, кога било напишано Карпинското евангелие, во кое во една преписка се вели дека тоа е напишано во манастирот Карпински, во храм Воведение на Пресвета Богородица, во лето 1592[3]. Околу препишувањето на евангелието во 1592 се потрудил еромонахот Јоаникие[3]..
Во средината на XVIII век е напишан и Карпинскиот триод од чии ракописни белешки се дознава за историјата на манастирот како на пример дека во 1745 година во манастирот Карпино дошол еромонахот Стефан, запишано од ерејот Стојко од Нагоричино, додека од друга рака е запишано дека света книга пеел поп (папа) Димитрија од село Врбен во Дебарска каза[3]. Карпинскиот триод денес се чува во Софиската народна библиотека.
За најзначајни книжевни дела се сметаат Карпинското евангелие и Апостол со ирмологиум, кои сега се наоѓаат во Москва. Постојат и документи за 11 пергаментни ракописи, но и хартиени, како што се евангелија, апостоли, псалтири.
За манастирот Карпино опис и податоци во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, дал и македонскиот револуционер Ѓорче Петров кој запишал дека во една вдлабнатина по тој ред од чуки во почетокот Голем Дол е Карпинскиот Манастир.[4] Тој е еден од најстарите манаситри. Според мислењето на околните жители, тој бил направен пред 1000 години[4]. Стариот натпис каде што било запишано дека бил основан пред 1000 години, бил уништен при обновувањето на манастирот. По доаѓањето на Турците манастирот бил запустен и присвоен од некој бег, којшто во црквата ги затворал своите кози[4]. Околните селани откако го откупиле манастирот, го возобновиле[4]. Сега манастирот е тесен[4]. Во средината на округлестиот двор е црквата, а наоколу се наредени 32 соби во двокатна зграда[4]. Манастирот бил под духовенство на егзархијата и во него немало калуѓери[4].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.