Парсек
From Wikipedia, the free encyclopedia
Парсекот (паралакса од една лачна секунда[1]; симбол: пс или pc, од parsec) — единица за астрономска должина, еднаква на околу 31 трилион (31×1012) километри, 206265 ае, или околу 3,26 светлосни години е астрономска единица за растојание. Се дефинира како должината на соседната страна (катетата) на замислен прав агол во вселената. Двете димензии на триаголникот се паралаксниот агол (еднаков на 1 лачна секунда) и спротивната страна (еднаква на 1 астрономска единица (ае, ае), растојанието од Земјата до Сонцето). Постапката е потоа да се најде должината на соседната страна користејќи ги овие вредности и правилата на тригонометријата.
Еден од најстарите методи за пресметка на оддалеченоста на една ѕвезда е утврдувањето на промената во аголното растојание помеѓу две мерења на положбата на една ѕвезда на небото. Првото мерење е нарпавено кога Земјата била од едната страна на Сонцето, а второто е направено по половина година, кога Земјата била на обратната страна од Сонцето. Така се знаело дека растојанието помеѓу две мерења е двапати поголемо од растојанието од Земјата до Сонцето. Оддалеченоста на една ѕвезда се пресметува со тригонометрија. Бидејќи парсекот се заснова на агол и растојанието од Земјата до Сонцето, ова значи дека појдовни точки му се степенот и астрономската единица. Должината на еден парсек изнесува околу 30,857 петаметри или 3,26156 светлосни години.