Кинески календар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кинескиот календар е лунисончев календар кој се користи во Кина, а со неколку модификации и некои други земји на Далечниот Исток. Во денешна Кина, грегоријанскиот календар се повеќето користи за секојдневните активности, но кинескиот сѐ уште се користи за одбележување на традиционалните кинески празници, како кинеската Нова Година (т.е. пролетен фестивал), фестивалот Дуан Ву и Фестивалот во средината на есента, како и во астрологијата, за да се избере поволен датум за свадба или отворање на зграда. Бидејќи секој календарски месец го следи Месечевиот циклус, можно е да се одреди месечевото мени (на пример, секој 15-ти е полна месечина).
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Оваа статија нема ниту една категорија. Помогнете ни со ставањето на категории, за истата да може да се заведе заедно со Оваа статијаи. |
Во Кина, традиционалниот календар е познат како "Земјоделски календар" (поедноставен кинески: 农历, pinjin: nónglì) и грегоријански како "обичен" или "општ" календар (公历, gōnglì). Кинескиот календар исто така се нарекува "Џин календар" (阴历, yīnlì) поради неговите месечеви аспекти, а чистиот сончев Грегоријански календар потоа се нарекува "Јанг Календар" (阳历, yánglì). Кинескиот календар е исто така наречен "стариот календар" (jìulì), откако грегоријанскиот бил усвоен како "нов календар" (xīnlì). На крајот, календарот се нарекува "Сја календар" по династијата Сja по повод дека во тоа време од годината започнал вториот млад месец по зимската краткодневица (како што е и денес).
Кинеската година во периодот од 28 јануари 2017 - 15 февруари 2018 година е (Небесно дрво) оган.