Кореографија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кореографија[1][2] (грчки: χορογραφία буквален превод — пишување на танц[3]) — посебна уметничка дисциплина во создавањето на сценско-музички танцови дела. Компонирање, аранжирање на сложени танцови елементи во единствена формално содржинска единица усогласена со музичката основа. Во таканаречениот класичен балет, оваа композиција мора да следи многу канони, додека во модерниот танц кореографите користат послободни форми.[4] Кореограф е музичко-сценски уметник кој создава танцови аранжмани (чекори, движења, фигури итн.) за театарска претстава (балет, драма, опера). Најкомплексни поставки се целовечерните балетски претстави. Најчесто, балетаните со богато танцово искуство и особен талент за овој вид креативна работа, кон крајот на својата активна играчка кариера се одлучуваат за кореографска работа.[4]