Кориснички посредник
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во полето на индустрискиот дизајн во интеракцијата помеѓу човекот и машината, корисничкиот посредник е место каде е овозможена интеракцијата помеѓу човекот и машината. Целта на интеракцијата помеѓу еден човек и една машина е делотворно оперирање и контрола на машината како и повратна информација (коментар) од машината што му помага на операторот при извршување на оперативни одлуки. Примери на овој широк концепт на корисничките посредници вклучуваат интерактивни аспекти на компјутерските оперативни системи, рачни алати, оперативна контрола на тешка машинерија, а и обработни контроли. Дизајнот е применлив при создавање на кориснички посредник кој е поврзан со или пак вклучува некои дисциплини како ергономија и психологија.
Кориснички посредник (англ. user interface) е систем со кој луѓето (корисниците) се во интеракција со машината. Корисничкиот посредник вклучува компоненти: машинска опрема (физички) и програмска опрема (логички). Корисничките посредници постојат за различни системи и не снабдуваат со значења на:
- Влез, дозволувајќи им на корисниците да манипулираат со системот и/или
- Излез, дозволувајќи му на системот да ги навести ефектите од корисничката манипулација
Општо земено, целта на инжинерингот на интеракцијата помеѓу човекот и машината е да произведи кориснички посредник кој е лесен, ефикасен и пријатен за работа на начин кој го дава саканиот резултат. Ова обично значи дека операторот треба да овозможи минимален влез за да го постигне саканиот излез, и исто така машината да го минимизира непосакуваните излези на човекот.
Откако се зголеми употребата на лични сметачи и релативното намалување на општествената свест на тешката машинерија, терминот „кориснички посредник“ го надвладее „графичкиот кориснички посредник“, додека дискусиите за индустрискиот контролен панел и машинскиот контролен дизајн многу почесто се однесуваат на човек-машина интерфејсот.
Други термини за кориснички посредник се човечко-сметачки посредник (ЧСП) и човечко-машински посредник (ЧМП)