Список на кралеви на Белгија
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Белгија е уставна и народна монархија. Монархот ја носи титулата Крал на Белгијците (холандски: Koning der Belgen, француски: Roi des Belges, германски: König der Belgier). Сегашен крал е Филип, кој дошол на престолот во 2013 г. откако абдицрал татко му, Алберт II.
Ова е список на кралеви од прогласувањето на првиот крал Леополд I (1831), откако Белгија стекнала незавсност од Обединетото Кралство Холандија со Белгиската револуција во 1830 г. Уште од самиот почеток, Белгија е уставна монархија.[1]