село во Општина Велес From Wikipedia, the free encyclopedia
Кумарино — село во источниот дел на Општина Велес, во околината на градот Велес.
Селото е ридско - рамничарско на надморска височина од 340 метри. Се наоѓа во сливното подрачје на реката Отовица, а од градот Велес е оддалечено 9 километри.
Селото Кумарино има изразито полјоделско стопанство при што најмногу е застапено одгледувањето на жита: пченица, јачмен на големи површини, пченка и градинарски култури како тикви за широка продажба и домати, краставици, марули претежно за сопствени потреби и индустриски култури како сончоглед и маслодајна репка на поголеми површини во околината. Во помал дел се одгледува и добиток.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кумарино живееле 130 жители, од кои 70 Македонци и 60 Турци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кумарино имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Турци и 50 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година, селото Кумарино има 74 жители, од кои 73 Македонци и 1 Србин.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 52 жители, од кои 46 Македонци и 6 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 130 | 80 | 185 | 219 | 201 | 124 | 102 | 74 | 79 | 74 | 52 |
По истражувањата од 1929 година, родови во селото биле:
Македонски:
Турски: (денес целосно иселени)
Во селото постои избирачкото место бр. 2186 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект во сопственост на давитков стојан.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 49 гласачи.[13]
Иселеници Турци од селото има во Турција.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.