Куп на шампиони 1971/72
From Wikipedia, the free encyclopedia
Куп на шампиони 1971/72 — 17-то издание на Купот на шампионите, најсилното европско клупско фудбалско натпреварување. Финалето е одиграно на 31 мај 1972 на стадионот Фејенорд Ротердам, каде што Ајакс со резултат 2:0 го победил Интер од Милано, со тоа освојувајќи ја втората титула во ова натпреварување.
Кратки факти Податоци за купот, Датуми ...
Податоци за купот | |
---|---|
Датуми | 19 август 1971 — 31 мај 1972 |
Екипи | 33 |
Финале | |
Шампиони | ![]() (2. титула) |
Вице-шампион | ![]() |
Статистики за купот | |
Најдобар стрелец(и) | ![]() ![]() ![]() |
Затвори
Холандија била единствена земја со два претставници, каде што покрај Ајакс, освојувач на Купот од претходната сезона, се натпреварувал и Фејенорд, првак на Холандија од претходната сезона.