Лариса (округ)
округ во Тесалија, Грција / From Wikipedia, the free encyclopedia
Округот Лариса (грчки: Περιφερειακή ενότητα Λάρισα) е административна единица во периферијата Тесалија, во средишниот дел на Грција. Административен центар на округот е истоимениот град Лариса, а значајни се и градовите Трново, Фарсала и Еласона.
Округот Лариса е создаден во 2011 година на местото на некогашната префектура, која имала исто име, површина и граници.