Латински јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Латинскиот јазик (Latīna, се изговара [laˈtiːna]) е стар индоевропски јазик кој се зборувал во Стариот Рим. Со римските освојувања јазикот се раширил низ целото Средоземје и голем дел од Европа. Постоел во два облика: класичен латински, за поезија и формална проза, и народен латински (вулгат), зборуван од народот. По падот на Римското Царство и подемот на Римокатоличката црква, латинскиот станал универзален црковен јазик и лингва франка на образованите Европејци.
Латински јазик | |
---|---|
латински: language latina | |
Изговор | /laˈtiːna/ |
Застапен во | Ватикан, Суверен воен ред на Малта |
Јазично семејство | Италски
|
Статус | |
Службен во | Ватикан |
Регулативен орган | Во антиката, римските школи по граматика и реторика.[1] Денес Opus Fundatum Latinitas.[2] |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | la |
ISO 639-2 | lat |
ISO 639-3 | lat |
Јазикот опстоил 2.200 години, па околу 1600-тите полека почнал да се губи. Меѓутоа народниот латински се одржал: се подвоил во неколку регионални дијалекти, кои до 800-тите станале предците на денешните романски јазици.
Латинскиот живее и во облик на црковнолатински кој се зборува во Римокатоличката црква. Латински зборови и денес се користат во науката, академството и правото. класичниот латински, книжевен јазик на доцната република и раното царство, сѐ уште се учи во многу основни и средни училишта и факултети, често заедно со старогрчки во рамките на Класичните студии, иако од раниот XX век неговата улога е намалена. Латиницата заедно со нејзините современи варијанти е најупотребуваната азбука на светот.