Линеарно писмо Б
From Wikipedia, the free encyclopedia
Линеарно писмо Б — писмо употребувано за пишување на микенскиот јазик, ран облик на грчкиот јазик. Ова писмо ѝ претходи на грчката азбука за неколку века: по сѐ изгледа дека тоа изумрело со изумирањето на микенската цивилизација; во периодот помеѓу падот на оваа и зачетокот на следната грчка цивилизација не постоело писмо и писменост. Тој перидо се нарекува Грчко темно доба.
Линеарно писмо Б | |
---|---|
Тип | Слоговно
со додатни логографски знаци |
Правец на пишување | од лево кон десно |
Јазици | Микенски |
Сродни писма | |
Матични системи | Можеби Линеарното писмо А
|
ISO 15924 | |
ISO 15924 | Linb, 401 , Linear B |
Уникод | |
Уникоден назив | Linear B |
Уникоден опсег | U+10000–U+1007F слоговни знаци U+10080–U+100FF логограми |
Оваа страница може да содржи фонетски симболи од меѓународната фонетска азбука (МФА). |
Линеарното писмо Б е сродно на Линеарното писмо А, сѐ уште недешифрирано претходно писмо за пишување на минојскиот јазик, и на подоцниот Кипарски слоговник; се смета дека слабото следење на фонемскиот принцип се должи на изведувањето на ова писмо од друго писмо. Линеарното писмо Б е делумно слоговно, со додатни логографски знаци кои се детерминативни (определни), или одредни (давајќи „класи“ и „типови“). Како такво, ова писмо повеќе личи на современото јапонско писмо во неговата графемска структура.