From Wikipedia, the free encyclopedia
Членовите на Младата македонска книжовна дружина биле познати под името Лозари. Меѓу нив се вбројуваат: Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Христо Матов, Петар Попарсов, Иван Хаџи Николов, Коста Шахов, Ѓорѓи Баласчев, Димитар Мирчев, Христо Попкоцев, Александар Караѓулев, Ѓорѓи Белев, Андреј Љапчев, Тома Карајовов, Наум Туфекчиев, Војдан Чернодрински и други.
Во јануари 1892 година, Младата македонска книжовна дружина го објавува првиот број на своето списание „Лоза“, и по неговото име, целото движење го добива називот Лозари. Најголемите имиња на македонската револуционерна борба од крајот на 19-ти и почетокот на 20 век биле членови или соработници на оваа дружина.
Кога лозарското движење било формирано, постоел терор и прогон во Бугарија против про-македонски активности. Тој терор бил засилен во времето на бугарскиот премиер Стефан Стамболов.[1] За настаните од времето на неговото владеење, во 1902 година сведочи непотпишаниот Коста Шахов во весникот Македонија.[2]
Во продолжение е опишано и растурањето на Македонското благотворно друштво, како и забраната за одржување митинг на Македонците во Софија. Несудениот организатор на овој митинг бил уапсен и интерниран.
Токму во тоа време група млади македонски интелектуалци во Софија формирале асоцијација што ја нарекле Млада македонска книжовна дружина.[3][4] Оваа Дружина почнала да го издава списанието Лоза. Меѓутоа, и нивната работа била запрена од страна на експонентите на Стамболовата влада.[5]
Бугарската влада ја уништила Младата македонска книжовна дружина во Софија, под изговор дека нејзините членови биле македонски сепаратисти.[6] За теророт на бугарскиот премиер Стамболов против Македонците, Коста Шахов пишувал и во 1905 и во 1910 година.
Некои членови или симпатизери на лозарите (Коста Шахов, Петар Попарсов, Даме Груев , Крсте Петков Мисирков) изјавиле дека лозарите имале двојна програма - една за пред бугарската јавност, а другата - за пред нивните истомисленици.
Ист е случајот и со Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Таму и денес сè уште е забранета јавната употреба на етничкиот термин Македонци. Македонците ги нагласуваат своите национални разлики во однос на Грците, во замена за терминот Македонци, за себе го употребуваат компромисниот и маскирен термин ендопи (што значи: тукашни, овдешни).
И лозарите не смееле директно да го употребуваат терминот Македонци во национална смисла (а слично е дури и денес во Бугарија), па надевајќи се дека нема да имаат проблеми со тогашната бугарска влада (која тогаш ги прогонувала Македонците), го користеле главно компромисниот и маскирен термин македонски Бугари,[7] иако содржините на нивните статии биле со чиста македонска национална ориентација.[7]
Денешниот бугарски став тврди дека националното чувство на лозарите било бугарско, а како доказ за ова тие го приложуваат фактот што во некои од текстовите на самото списание Лоза се спомнуваат и македонски Бугари, дека лозарите зборуваат за јазикот во македонските Словени како за бугарски јазик.[8] Лозарите се залагале во литературниот бугарски јазик да бидат вклучени колку што се може повеќе зборови од Македонија и од западните делови на Бугарија.[9] Некои бугарски автори (Коста Црнушанов и други) додават и целосната деjност како Македонски Бугари на голем дел од лозарите - Андреј Љапчев од Ресен (бугарски премиер и дипломат), Тома Карајовов од Скопје, Георги Баласчев од Охрид, Христо Матов од Струга, Христо Поп Коцев од Штип, Ѓорѓи Белев од Охрид и други за кои се смета дека бугарското им чувство е докажано.[10]
Авторите од Република Македонија ги земаат предвид веќе спомнативе услови во Бугарија, во кои било објавено списанието Лоза. Тоа е време на терор против Македонците од страна на бугарската влада на Стефан Стамболов. Македонците се прогонувани, апсени, интернирани и се забранувани сите нивни национални манифестации и други слични изблици на организирање. Во такви услови, оние Македонци што сакале да објавуваат статии за Македонија, единствено можеле да го прават тоа преку користењето на компромисниот термин - македонски Бугари.
Во времето на големосрпската окупација на Македонија, во кралска Југославија во 1935 година, Македонците студенти во Загреб формирале свое друштво Вардар. Во рамките на ова Друштво по две години тие објавиле весник под наслов Наш весник. Во него биле објавени текстови и други прилози што исклучиво се однесувале за Македонија и за Македонците.
Автори биле тогашните истакнати македонски национални дејци: Кочо Рацин, Никола Ѓумуров, Христо Попсимов, Лазар Личеноски, Димитар Ѓузелов, Александар Линин и други. Меѓутоа, поради добро познатите причини, во ниту една од статиите не се спомнати термините: Македонија, Македонци, македонски народ и слично. Тоа е сосема разбирливо, ако се знае дека тоа е времето кога во Југославија беснеел најстрашниот терор против Македонците. Тоа е времето од само неколку години по убиството на кралот Александар, кога секакво спомнување на овие термини можело да има сериозни последици врз авторот. Затоа, во замена за термините Македонија, македонски народ и слично, во овие статии се употребени компромисните термини: Повардарие, повардарци, повардарски и слично. Дури и повеќето текстови се напишани на чист српски јазик (освен неколкуте лични и народни творби). Сепак, и покрај ваквото компромисно и маскирно детерминирање на Македонците, и покрај српскиот јазик во статиите, Наш Весник веднаш бил забранет од страна на големосрпскиот режим и тоа веднаш по излегувањето на првиот број.
Грчкиот весник Неологос дозволувал на своите страници да објавуваат статии и Македонци, кои под псевдоними, од аспект на македонската национална идеја, ја напаѓале големобугарската пропаганда. Такви биле учителот Гаврил Баев од Охрид (кој објавувал под псевдонимот Пелагон) и учителот Димитар Сакелариев од Ресен (кој објавивал под псевдонимот Македон). Учителот Баев (под псевдонимот Пелагон) во следниот број на Неологос во статијата под наслов Шовинистот Шопов, реплицирал на уредникот на бугарскиот егзархиски орган Атанас Шопов.[11]
Лозарите, повардарците и авторите од Неологос:
На лозарите (како и подоцна на вардарците во Загреб) не им помогнало ниту маскирното обележување како македонски Бугари, бидејќи набргу списанието им било забрането. Некои од лозарите биле уапсени, други биле избркани, а трети интернирани. Дружината им била забранета од страна на бугарската влада. Подоцна некои од нив се вклучуваат во македонското револуционерно движење, а некои и застрануваат по патот на туѓите пропаганди.
Види Програмски принципи на Младата македонска книжовна дружина,Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници
За македонската национална дејност на лозарите сведочи и тогашниот бугарски официјален весник Свобода[13] и на 13 април 1892 година бугарскиот публицист Димитар Левов ги нападнал лозарите[14] Д.Т.Левов, Лоза, СлободаVI/786, Софија13.04.1892, 3.[15]
На бугарскиот напад врз лозарите, на 29 април 1892, реагирал и грчкиот весник Неологос, кој излегувал во Цариград.[16]
Еден од уапсените основоположници на лозарството во Бугарија бил и Даме Груев. Во своите Спомени, тој пишал во врска со овој период од неговата дејност.[17]
Дел од спомените на Даме Груев се објавени,[18] но таму веднаш паѓа в очи дека недостасува делот за апсењето на Груев во Софија, иако таму цитираниот дел од Спомените е речиси идентичен со овој што овде го предаваме. За лозарите пишувал и Ѓорче Петров.
За лозарите пишувал и Крсте Петков Мисирков, во својата книга За македонцките работи[19]
Од списанието Лоза успеале да излезат само шест броеви (од кои едниот бил двоброј). Подоцна бугарската влада ја растура Младата македонска книжовна дружина, а списанието Лоза го забранува. Под влијание на лозарите, подоцна (1894) Петар Попарсов објавува брошура што всушност претставува неофицијална програма на веќе формираната Македонска револуционерна организација, во која уште пожестоко ја критикува бугарската пропаганда и Бугарската егзархија
Александар Караѓулев беше осуден на смрт во монтиран судски процес за атентатот врз министерот Христо Белчев и казнуван на 15 јули 1892 во Софија, каде во затворот напишал познатата македонска патриотска песна Послушајте патриоти.
Периодот на лозарите одиграл значајна улога во развитокот на македонската национална мисла на крајот од 19 век и подоцна.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.