From Wikipedia, the free encyclopedia
Локатив е падеж што означува место. Отрпилика соодветстува на македонските предлози „во“, „на“, „кај“ и „крај“. Локативот им припаѓа на општите локални падежи како лативот и сепаративот.
Локативот постои кај мнногу јазици како алтајскикте, индоевропските и уралските јазици.
Локативот го наоѓаме кај:
Локативот го наоѓаме во турскиот јазик. На пример, на турски, elim значи: моја шака, а elimde значи во мојава шака, значи со додавање на наставките -de и -da.
Кај финскиот јазик постојат два типа на локални падежи. Наместо локатив, финскиот јазик има инесив, кој назначува локација во нешто, и адесив, кој назначува локација вон нешто. Староуралскиот локатив сѐ уште се употребува во финскиот за некои изрази како на пример:
Во финската граматика, локативот е дел од есесивот . Неговата наставка е -na/-nä.
Кај инарсколапонскиот јазик, локативната наставка е -st.
Кај унгарскиот јазик, постојат девет вакви падежи, а самото име локатив се однесува на (-t/-tt) кој се користи само за имиња на неколку града заедно со инсеивот или суперсесивот. Исто така може да се види во неколку локални предлози и прилози. Истиот не е повеќе продуктивен.
Examples:
Наставките на имињата на градовите -ban/-ben се инесивни, а -on/-en/-ön се суперсесивни.
Во рускиот јазик, локативот исто така може да се нарече и предлошки падеж. Ова се должи на тоа што истот не се користи само за предлози или само за локации. Од исказите како „в библиотеке“ („во библиотеката“) или „на Аласке“ (во Алјаска) можеме да ја видиме употребата за локација. Но падежот исто така се употребува за предлогот „о“ („за“ (околу)) како кај „о студенте“ („за (околу) студентите“).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.