Магнетизација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Магнетизацијата или магнетната поларизација е векторското поле кое ја изразува густината на постојните или индуцирани магнетни диполни моменти во магнетен материјал. Потеклото на магнетните моменти одговорни за магнетизација може да биде или од микроскопските електрични струи кои се резултат на движењето на електроните во атомите или од вртењето на електроните или на јадрото. Мрежната магнетизација е резултат од одговорот на материјалот кон надворешното магнетно поле заедно со кој било небалансирани магнетни диполни моменти кои можат да бидат инхерентни во самиот материјал, како што е на пример кај феромагнетите. Магнетизацијата не е секогаш воедначена во телото во која што постои, туку варира помеѓу различни точки. Магнетизацијата исто така опишува како материјалот одговара на воведено магнетно поле, како и начинот на кој материјалот го менува магнетното поле и може да биде користено за да ги пресметува силите кои се резултат од таквите интеракции. Магнетизацијата може да се споредува со електричната поларизација која ја претставува мерката на соодветниот одговор на материјалот кон електричното поле во електростатиката. Физичарите и инженерите го дефинираат магнетизмот како квантитет на магнетен момент по единица волумен. Тоа е претставено со вектор М.