Маж
личност од машки пол / From Wikipedia, the free encyclopedia
Маж е човек од машкиот пол. Терминот маж е обично резервиран за возрасните луѓе од машки пол, со што терминот момче е вообичаениот термин за машко дете или адолесцент.
Како и кај повеќето други машки цицачи, геномот на мажот обично наследува еден X хромозом од својата мајка и Y хромозом од таткото. Машкиот фетус произведува поголеми количини на андрогени и помали количини на естрогени од женскиот фетус. Оваа разлика во однос на количините на овие полови стероиди во голема мера е одговорна за физиолошките разлики меѓу мажите и жените. За време на пубертетот, хормоните кои го стимулираат производството на андрогинот резултираат со развој на секундарните полови одлики.