композиција на споменици во Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонка, споменик на Револуцијата ― комплекс споменик кој се наоѓа на Плоштадот „Маршал Тито“ во Куманово. Споменикот е дело на Коста Ангели Радовани и неговиот соработник Маријан Хаберле. Комплексот се состои од една статуа и три релјефи. Споменикот е со тематика од три периоди и тоа: Илинденскиот, Народноослободителната војна и социјалистичката изградба.[1] Споменикот е заведен како културно наследство на Македонија.[2]
Скулптурата „Македонка“ која освоила награда на изложбата во Домот на ЈНА во Белград, на тема НОБ, во 1961-та година, припаѓа на третата фаза од неговата работа. Во време на борба за реафирмација на модерното против историското, за плурализмот против догматизмот, тој значително отстапил. Македонската жена ја претставува доста конзервативно. Гордо исправена, а не потчинета, облечена, а не разголена. Потенцирањето на женските облини кои се карактеристични за неговото творештво, овде не ги претставил.[1]
Скулптурата е дел од споменикот на Револуцијата во Куманово, кој се наоѓа во средиштето на градот. Зафаќа цел комплекс на површина на која се поставени три релјефни композиции, изработени од истарски травертин со тематика од три периоди и тоа: Илинденскиот, Народноослободителната војна и социјалистичката изградба. На посебен постамент е поставена скулптура со човечки лик на жена (наречен „Македонка“) во цел раст во натприродна големина изработена од базалтен камен.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.