![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/fb/Macedonian_golden_lion.svg/langmk-640px-Macedonian_golden_lion.svg.png&w=640&q=50)
Македонски лав
From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонскиот лав, како и македонската Ѕвезда од Кутлеш, е уште еден симбол на македонскиот народ, култура и традиција, популарно наречен лавче. Заедно со Ѕвездата се едни од најстарите симболи во Европа што денес сѐ уште се користат. На територијата на Македонија некогаш живееле лавови, што е и поткрепено од антички историчари и фосилните наоди од околината на Делчево. Ловот на лавови бил популарен помеѓу Македонците и како резултат на тоа пронајдени се поголем број на мозаици и слики со сцени од лов на лавови.
Кратки факти Историски грб на Македонија, Подробно ...
Историски грб на Македонија | |
---|---|
![]() | |
Подробно | |
Грбоносец | Македонија |
Штит | Грбот содржи златен лав со црвен штит во позадина |
Мото | Слобода или смрт (МРО) |
Затвори