Материјализам
филозофска теорија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Материјализам е филозофски правец во онтологијата спротивен на идеализмот. Материјализмот тргнува од тоа дека светот по својата суштина е материјален; дека материјата, природата, постои надвор од свеста и независно од свеста, дека материјата е првобитна и претставува извор на човековите сетила, сметајќи го спознанието, како и свеста, духот воопшто, за секундарни, за нешто што е произведено од влијанието на материјата и човековата сетилна пракса. Всушност, материјализмот поучува дека светот и сите негови законитости можат да се спознаат и дека тоа спознание се случува постепено, но прогресивно, издигајќи се од елементарните претстави за светот, па сѐ до неговата суштина.