Машина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Машина — механичка направа која користи енергија за правење контролирани движења заради извршување некоја посакувана активност. Машините може да ја добиваат енергијата од животните, од луѓето, од природните сили (вода, ветар), електрична енергија, топлинска енергија и се состојат од систем на механизми преку влезната енергија се претвора во излезен резултат. Исто така, машините може да бидат опремени со сензори или компјутери со кои се контролира работењето на машините.