музеј во Прилеп, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Меморијалниот музеј „Кузман Јосифоски-Питу“ — меморијален музеј и спомен-куќа во градот Прилеп, посветена на македонскиот револуционер Кузман Јосифоски-Питу. Меморијалниот музеј се наоѓа на улица „Мара Јосифоска” број 20. Во куќата се родени веќе споменатиот Кузман и првоборците носители на “Партизанска споменица 1941”, неговиот брат Аспарух и неговите сестри Мара и Стефанка. За споменик на културата е прогласена во 1971 година.
Поглед на меморијалниот музеј од улица | |
Основан | 1977 |
---|---|
Место | Прилеп, Македонија |
Координати | 41.3426410° СГШ; 21.5602020° ИГД |
Тип | Меморијален музеј / Спомен-куќа |
Мреж. место | muzejprilep.org.mk |
По извршената темелна реконструкција на куќата која е изградена кон крајот на XIX век, како Меморијален музеј “Кузман Јосифоски - Питу” е отворена на 11 октомври 1977 година. До 1979 година овој Меморијален музеј е под надлежност на Самоуправната Интересна Заедница на култура на Општина Прилеп, а со Одлука на Собранието на СИЗ од 8.10.1979 година истиот е припоен кон тогашниот Народен музеј — Прилеп.
Музејската историска и етнолошка поставка е сместена во три простории на 60 м2, во кои се прикажани детството и револуционерната дејност на Кузман Јосифоски-Питу.
Во гостинската соба е изложена историската поставка од фотографии од неговото детство, од ученичките денови во основното училиште во Прилеп и Битолската гимназија, како и од времето додека студирал во Белград; писма со историска содржина, преписки со ПК на КПЈ, подоцна ЦК на КПМ и преписки со месни партиски раководства; напредна литература што ја читал во свое време и други експонати.[1] Во посебни витрини се сместени Указот за прогласување на Кузман Јосифоски-Питу за Народен херој бр. 290 од 29 јули 1945 година и неговиот фотоапарат “Кодак”.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.