From Wikipedia, the free encyclopedia
Меморијалниот музеј „Стив Наумов“ — меморијален музеј и спомен-куќа во градот Битола, посветена на македонскиот револуционер Стефан Наумов-Стив. Меморијалниот музеј се наоѓа на улица „Пецо Божиновски” број 11.
Поглед на меморијалниот музеј од улица | |
Основан | 4 јули 1961 |
---|---|
Место | Битола, Македонија |
Тип | Меморијален музеј / Спомен-куќа |
На 4 јули 1961 година, по повод Денот на борецот, отворена е за прв пат постојаната музејска поставка, откако објектот е реконструиран и адаптиран за ваква намена.
Во 1977 година објектот бил повторно реконструиран и адаптиран со тоа што беа овозможени услови за нова презентација на ликот животот и делото на Стеван Наумов-Стив.[1]
Поставката е поставена на простор од околу 150 квадратни метри во приземје и спрат. Во 2002 година, поставката по трет пат е обновена со содржина од нови експонати.
Во приземниот дел во најголема мера прикажана е покуќнината и предметите за секојдневна употреба на семејството Наумови. На горниот кат од објектот кој зазема простор од околу 80 м2 во 4 посебни целини, презентирани се документи и предмети што го следат животот и делото на херојот од неговото најрано детство (фотографии, документи, предмети тесно поврзани со животот на неговото пошироко семејство). Во втората целина-простор е прикажана неговата револуционерна активност, неговото загинување на 12 септември 1942 година заедно со неговиот соборец и другар народниот херој Мите Богоевски. Историскиот дел завршува со приказ на победата над фашизмот и сè она што за херојот, за неговото име и во негова чест, е напишано и изградено како спомен.[1]
Во третата целина, во простор од 18 м2 уредена е гостинска, приемна соба за свечености-визити, со оригинални и откупени предмети од тој период што даваат приказ на средно имотливо семејство од тој период, со еден фонд на врамени семејни фотографии.
Завршница на целокупната поставка е преуредениот затворен ходник во кој се поместени три уметнички ликовни дела со димензии од над 3х4м од ликовниот уметник и учесник во НОАВМ, Тоде Ивановски. Во нив авторот го прикажува револуционерниот пат на Стив, и тоа формирањето на Првиот партизански одред „Пелистер”, убиството на злогласниот полициски начелник Ќурчиев, и средбата на Стив и Мите пред загинувањето. Во истиот ходник поставена е и макета која тридимензионално и со одредени светлосни ефекти го прикажува нападот на Партизанскиот одред „Даме Груев” на полициската станица-участок во с. Кажани под раководство на Стеван Наумов-Стив. На посебно пано се прикажани и народните херои од Битола и Битолско.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.