Мингуо-календар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Календар на Република Кина (трад. кин.: 民國紀元; упр. кин.: 民国纪元; пинјин: Mínguó Jìyuán; Вејд-Џајлс: Min2-kuo2 Chi4-yüan2) — метод за одбројување на годините кои се користи во Тајван и останатите острови под контрола на Република Кина. Се користел во копнена Кина од 1912 до создавањето на Народна Република Кина во 1949 г.
Следејќи ја традицијата на употреба на името на владетелот за име на ерата и годината на владеење, официјалните документи на РК го користат системот (трад. кин.: 民國; упр. кин.: 民国; пинјин: Mínguó; Вејд-Џајлс: Min-kuo; букв.: "The Country of the People")за одбројување на годините, календар во кој првата година била 1912, годината кога се создала Република Кина. На пример, 2014 е „103-та година на Републиката“. Месеците и деновите се бројат според Грегоријанскиот календар.
За да се одреди годината во календарот на РК се одзема 1911 од Грегоријанскиот календар. На пример: 2023 - 1911 = 112-та година на Републиката.