Мост
градба изградена за да премости физички препреки / From Wikipedia, the free encyclopedia
Мостот е конструкција изградена за премостување на природните и вештачките препреки. Целта на мостот е да овозможи преминување на луѓе, коли, возови итн. Мостот може да биде направен од различни материјали. Првите мостови биле правени од дрво.
Градењето на мостови започнало уште во далечната древност и го следело развојот на општеството и напредокот во различните области на техниката. Првите мостови биле всушност паднати дрвја над потоци коешто било употребено како идеја за градење на дрвени мостови, а во понатамошниот развој се граделе мостови и од камен, а потоа и од метални конструкции.
Еден од најпознатите мостови во Македонија е Камениот мост во Скопје.