Настинка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Обичната настинка, позната и како назофарингитис или ринофарингитис е заразна болест која лесно се шири на горниот респираторен систем, што се одразува главно кај носот. Симптомите вклучувааат кашлица, болно грло, растечен нос (ринореја) и треска. Симптомите обично се губат за седум до десет дена. Некои симптоми сепак може да траат и до три седмици. Над двесте вируси можат да предизвикаат настинка. Риновирусите се најчест причинител.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Настинка | |
---|---|
Приказ на молекуларната површина на една варијанта на човековиот риновирус. | |
Специјалност | Family medicine, заразна болест, Оториноларингологија |
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Акутните инфекциии на носот, синусите, грлото или ларинксот (акутни респираторни инфекции) се категоризира според деловите на телото што се главно зафатени. Настинката обично го зафаќа носот, фарингитисот - грлото, а синуситисот - синусите. Симптомите се должат на одговорот на имунолошкиот систем на инфекцијата, а не на оштетувањето на ткивото од самите вируси. Миењето раце е главен метод за спречување на инфекции. Има потврда дека и носењето маска е ефикасно.
За настинката нема лек, но може да се лекуваат симптомите. Таа е најчестата заразна болест кај луѓето. Просечен возрасен човек годишно заболува два до трипати од настинка. Просечно дете од настинка заболува помеѓу шест и дванаесет пати во годината. Овие инфекции го следат човештвото уште од дамнешни времиња.