Неутронска ѕвезда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Неутронска ѕвезда — вид на остаток од ѕвезда која се формира поради гравитациски колапс на масивна ѕвезда во текот на супернова од типот II, Ia, Ib, и Ic. Ваквите ѕвезди се составени речиси само од неутрони, кои се субатомски честички без електрично полнење и речиси со иста маса како и протоните. Неутронските ѕвезди се многу жешки, но не е можен понатамошен колапс поради принципот на исклучување на Паули. Овој принцип вели дека два неутрона не можат истовремено да заземат квантна состојба.