Ногајски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ногајски јазик (ногай тили) — туркиски јазик зборуван во југозападна Русија. Јазикот има три различни дијалекти и тоа: караногајски што се зборува во Дагестан и , ногајски што се зборува во Ставрополски крај и акногајски што се зборува во Карачаево-Черкесија. Според граматичката и фонолошката смисла, акногајскиот се разликува од останатите два.
Кратки факти Ногајски јазик ногай тили (nogay tili), Јазични кодови ...
Ногајски јазик ногай тили (nogay tili) | ||
---|---|---|
Изговор: | ногај тили | |
Зборуван во: | Русија | |
Регион: | Кавказ | |
Вкупно говорници: | — | |
Јазично семејство: | Алтајски Туркиски јазици Ногајски јазик | |
Писмо: | Ногајска азбука | |
Јазични кодови | ||
ISO 639-1: | нема | |
ISO 639-2: | nog | |
ISO 639-3: | id=nog nog |
Затвори
Јазикот е дел од ногајско-кипчакската, или јужна кипчачката, подгрупа на кипчачките јазици, во која спаѓаат и каракалпачки јазик и казашки јазик.
Во големата кипчакска група спаѓаат и татарски, башкирски, кумички, карачајско-балкарски, кримскотатарски и други јазици.