музеј во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Нумизматички музеј на Народната банка — музеј во зградата на Народната банка на Република Македонија во кој се изложени монети од најразлични периоди на македонската историја. Следејки ги светските трендови во врска со улогата која ја имаат централните банки во грижата за сопственото културно наследство во 1999 г. НБРМ меѓу своите функции приклучи уште една, откуп на стари и ретки пари од тлото на Македонија. Влегувајќи во ова поле на музејска дејност, НБРМ денес претставува еден од столбовите во заштитата на движното културно наследство, при што покрај професионалниот третман на нумизматичкиот материал, направен е обид да се спречи одлевање на истиот надвор од територијата на Македонија.
Збирката денес брои околу 17 000 примероци на монети, медаљи, ексагии и модерни банкноти што е резултат на систематски откуп и донации, и со оваа бројка таа прерасна во најголема јавна нумизматичка збирка во Р Македонија.
Самата збирка е поделена на повеќе целини:
Нумизматичкиот музеј на Народна банка има воспоставено комплетна музејска дејност со цел збирката да биде соодветно збогатувана, проучувана, јавно презентирана и заштитена. Во согласност со вообичаената пракса за монетите во збирката се води музејска документација, конзервација и научно истражувачка работа.
Во зградата на НБРМ постојат две музејски поставки: камерна поставка, која е со помал обем и се наоѓа во просториите на Кабинетот на гувернерот на НБРМ, и постојаната музејска поставка, која е сместена во приземјето на банката.
Камерната поставка е отворена на 26 јули 1999 г. Изложбата е реализирана во соработка со Музеј на Македонија и Нумизматичкото друштво "Пајонон", насловена "Нумизматичка збирка на Народна банка на Република Македонија". Во рамките на истата се изложени 235 монети, хронолошки распоредени во шест витрини, и публикувани во придружниот каталог. Во декември 2002 г. оваа поставка е преуредена и дополнета со нов нумизматички материјал.
Во осум витрини претставени се тематските целини:
На 25 април 2002 г., по повод десетгодишнината од монетарното осамостојување на Република Македонија, во просториите на НБРМ беше отворена нејзината постојана нумизматичката поставка насловена "Македонија, парите и историјата", пропратена со соодветен каталог на изложените примероци. На оваа поставка даден е хронолошки преглед на монетарната историја, почнувајќи од најстарите монети емитувани кои крајот на VI и почеток на V век пр. н.е. па сè до емисиите на парите кои денес се во оптек во Р Македонија. Во простор од 240 м2 се изложени околу 1000 монети кои се распоредени во 31 витрина. Витрините се осветлени со над 200 светлечки тела, а за да се задржи постојана температура покрај тоа што самата просторија е климатизирана и секоја витрина има вграден систем за ладење кој е неопходен за да се заштити материјалот од корозија. Постојанта поставка е отворена за јавност и претставува достоен презентер на културата и историјата на Р Македонија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.