Административна поделба на Велс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Велс е поделен на 22 области наречени „главни области“ (англиски: principal areas), почнувајќи од 1996 г.[1] Со нив управуваат избрани совети, во чија надлежност се образованието, социјалата, заштитата на животната средина и највеќето патишта. Во состав на управата постојат и совети на заедниците (community councils) со надлежност врз поединечни сфери.
Монархот назначува свој лорд-намесник (Lord Lieutenant) како негов претставник во секоја од зачуваните грофовии во Велс, кои се целини со церемонијална намена.
Во април 2013 г. е најавено дека организациската поставеност на управата треба да се преработи со комисија, за да се утврди подобар начин на распределба на надлежностите.[2]